Шефицата на дипломатија на Австрија, Карин Кнајсел, нема да патува со својот шеф премиерот Себастијан Курц во САД, каде на 20 февруари треба да сè сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Ваквиот потег од кабинетот на Курц го оправдале со образложение дека е потребно да се патува со намалена делегација, но многу дипломати зад затворени врати тврдат дека канцеларот сака да се дистанцира од Карин пред се поради нејзината блискост со Владимир Путин.
Претходно Карин го сврте вниманието на јавноста кон себе со поканата на рускиот претседател на нејзината свадба. На забавата во еден момент Карин и танцувала со Путин.
Со тоа дипломатите велат дека Карин го навлекла на себе гневот на Вашингтон, а сега паднала и во немилост на Курц пред се поради честите изјави со кои го доведува во прашање угледот на нејзината земја.
Gemeinsam mit US Staatssekretär @wess_mitchell besuchte ich heute das ehemalige Arbeitszimmer von Clemens Metternich in der italienischen Botschaft. Wir beide sind Bewunderer Metternichs und haben viel über den großen Staatsmann publiziert. pic.twitter.com/BoEapFZnxR
— Karin Kneissl (@Karin_Kneissl) February 10, 2019
Курц во САД ќе патува со министерката за економија Маргарет Шрамбек и министерот за инфраструктура иновации и сообраќај, Норберт Хофер. Карин само ќе учествува на безбедносната конференција во Минхен.