Преку 30 актери, пејачи и танчери викендов учествуваа во првото кабаре шоу што се одржа во Битола. Церемонијал мајстор беше актерот Жарко Димоски, а на сцената го придружуваа Александар Тарабунов, Калина Велковска, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева и Христина Јовановска.
Уникатната кабаре претстава понуди забавни танчерски изведби и песни за сите генерации. Кореографијата на танчерите ја осмисли Илија Кардакоски, а костумите на сите учесници ги дизајнираше модниот креатор Андреј Папаз.
![]()
„Со кабарето го отворивме комплексот Голд Фелиција, кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува“, вели Димитар Андоновски, музички директор на проектот.
Отворањето на комплексот заврши со голем огномет, а гостите си заминаа со коментар дека одамна немало толку добра забава во Битола.
 ![]()
![]()





