Првпат по 114 години години откажан дочекот на Нова година на Тајмс сквер

Дочекот на Новата година на Тајмс сквер во Њујорк, кој привлекува посетители од целиот свет, првпат е откажан по 114 години поради пандемијата на коронавирусот. Наместо тоа, ќе се организира виртуелен дочек, а милиони луѓе ширум светот ќе можат да го следат преку Интернет, пишува „Њујорк пост“.

Познатата кристална топка, како и секоја година ќе се спушти на Тајмс Сквер, за да го означи крајот на старата и почетокот на новата година. Според организаторите, ограничен број луѓе сепак ќе бидат пуштени на Тајмс Сквер, заради емитување на дочекот.

„Единственото нешто што нема да се промени е одбројувањето на полноќ на 31 декември“, соопштија од компанијата „Тајмс сквер алајанс“ која со години го организира дочекот во Њујорк.

Scroll to Top