Психолозите откриваат каква личност сте според начинот на кој ја држите чашата

Начинот на кој гестикулираме, се смееме или се ракуваме ги открива нашите главни карактеристики, но дури и според начинот на кој ја држиме раката додека пиеме, може да каже многу работи за нас, велат психолозите.

Срамежливи

Дали сте забележале некој што не ја испушта чашата од рака, никогаш не го пие пијалакот до крај и често користи сламка, со која го промешува пијалакот исто така? Станува збор за срамежлива личност за која чашата претставува еден вид штит. Се брани од околината и се крие зад неа. Често им е испружен малиот прст додека ја држат чашата. Тоа е нивниот начин да се истакнат во општеството.

Заводнички

Девојките кои ја држат чашата со посебна нежност и софистицираност, обично близу до деколтето, се вистински заводнички. Често ја држат до устата, и додека пијат голтка, никогаш не пропуштаат можноста да ве погледнат заводливо преку работ на чашата.

Ледени кралици

Ладниот и одбранбен став е главната карактеристика на овој тип луѓе. Често пијат од луксузни чаши за вино, кои цврсто ги држат пред себе со цел да им стават до знаење на сите дека не им се потребни нови луѓе во животот. На овој начин ја чуваат својата интимност подалеку од очите на другите луѓе. Покрај тоа, за нив е карактеристично што ја држат чашата со двете раце.

Scroll to Top