Путин ги забрани геј-браковите

Рускиот претседате Владимир Путин ги забрани во земјата истополовите бракови. Тој потпиша уставен амандман, со кој формално ги забрани ваквите бракови.

Дефинирање на бракот како заедница на само маж и жена е дел од групата на уставни реформи, кои Русите ги изгласаа на 1. јули 2020 година.

Истополовите бракови се веќе нелегални во Русија и новата формулација во Уставот, само дополнително им отежнува на истополовите бракови да добијат можност за рамноправност со хетеросексуалните двојки. Тоа исто така значи дека ЛГБТ лицата нема да можат да посвојат деца.

Во Русија, хомосексуалната заедница, често се соочува со насилства и дискриминација, а позната е и забраната за хомосексуална пропаганда која постои од 2013 година и која забранува дистрибуција на она што се смета за про-ЛГБТ.

Од пакетот кој го поддржуваат речисис 78% од Русите, најпознатата одредба му овозможува на Путин да се кандидира за уште две претседателски мандати од шест години. Тој би можел да владее со Русија до 2036 година.

Во истиот пакет на уставни промени, Путин доби и доживотен имунитет од кривично гонење. Путин на 5. април ги потпиша уставните амандмани кои стапија во сила, пренесуваат медиумите.

 

 

Во пресрет на националното гласање за уставните амандмани, за кои критичарите велат дека се наместени, прокремељската пропаганда група, предводена од сојузниците на рускиот претседател, објавила и оглас кој прикажува како сираче било посвоено од двајца татковци, кои потоа го облекле во фустан и го нашминкале.

Во огласот се вели „Одлучете за иднината на земјата. Гласајте за промени на Уставот“.

Алфонсо Давид, претседател на Кампањата за човекови права, го опишал Путин како закана по сечии човекови права.

„Русија ги напаѓа освноните човекови права и достоинство на ЛГБТ лицата, додавајќи уставни забрани во еднаквоста во бракот“, изјавил тој, додавајќи дека пропагандата на Путин била срамна, манипулативна и злонамерна.

 

Scroll to Top