Путин го обвинија за крвави убиства, без да разберат што навистина се случува, Оливер Стоун го брани рускиот претседател

Трикратниот американски оскаровец, Оливер Стоун, застана во одбрана на Владимир Путин и руската инвазија врз Украина. Тој рече дека западните медиуми треба да го видат поширокиот контекст, а даде и своја анализа која оди во корист на Русија.

„Среде хистеријата на западните медиуми кои го обвинија Путин за крвавите убиства и изоставување на клучните факти, најважно е да се разбере целиот спектар на она што се случува. Над сè треба јасно да се размисли“, рече Стоун и сподели линкови од историските односи меѓу Путин и Украина кои за него се причина за војната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Stone (@officialoliverstone)

За потсетување, Оливер Стоун важи за голем пријател на Путин. Тој во 2015 година го сними и документарецот The Putin Interviews кое траеше четири часа. Путин му дозволи да биде со него целото време додека ги извршува своите секојдневни активности.

Scroll to Top