Путин подготвува една од ќерките за престолот во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин е познат како владетел кој цврсто и способно управува со својата земја која ја издигнал од пепел.

И додека за неговите државнички способности се зборува секаде, за неговиот приватен живот малку се знае.

Познато е дека бил 31 година во брак со Људмила и дека двојката има две возрасни ќерки, Марија и Јекатерина, но тие не биле познати во јавноста.

Поради тоа секој нов детаљ за нив привлекува големо внимание. Путин оваа година во телевизиско интервју изјави дека неговите ќерки живеат во Русија, но дека не се јавни личности и дека живеат повлечено.

Истакнал дека секоја од нив е успешна во својата работа и дека полека ја градат својата кариера. Нагласил и дека ниту една од нив не е вмешана во бизнис или политика.

Катерина Тихонова

Јекатерина, или само Катерина, е помладата ќерка на Путин, која има 31 година. Завршила германско училиште во Москва. Омажена е за Кирил Шамалов (35), а двојката е во брак од 2013 година.

Катерина не го носи презимето на татко си туку го земала презимето на својата баба од страна на мајка ѝ.

Таа се занимава со акробатски танци и е многу успешна во тоа. Долго се нагаѓало дали е ќерка на Путин затоа што многу личи на рускиот лидер.

Дури неодамна ваквиот сомнеж и официјално е потврден од страна на претседателот на Светската акробатска конфедерација.

Оваа девојка е директорка на две иницијативи на Московскиот државен универзитет кој вреди 1,7 милијарди долари.

Богатиот маж на Катерина

Шамалов е син на Николај Шамалов, косопственик на Руската банка, e и добар пријател на Путин. Тој спаѓа меѓу најмладите милијардери на светот. Откако е утврдено дека неговото богатство вреди повеќе од 1,3 милијарди долари, успеал да се најде на листата на Форбс меѓу милијардерите.

Многумина сметаат дека тајната на неговиот успех се блиските врски кои ги има со рускиот претседател. Кирил почнал да ги користи своите семејни врски во 2002 година додека студирал во Санкт Петербург. Во раните деведесетти години поставен е за главен правен советник за надворешно-економски односи во „Газпром“.

По 2004 година, станал главен адвокат во правното одделение на „Газпромбанка“, една од најголемите руски банки. Бил консултант во Министерството за финансии на Русија кога станува збор за управување со државен имот, приватизација и реформи во државните претпријатија.

Во јуни 2008 година, кога имал 26 години, ја преземал функцијата на потпретседател за деловна администрација во петрохемиската компанија „Сибур холдинг“.

Компанијата се наоѓа во Москва, а тој работејќи во неа стекнал големо богатство. Руската влада има околу 38% од уделот во таа компанија.

Од 2004 година поседува 5 % во руската компанија за цемент, а на нејзино чело се најде во март истата година.

Во 2015 година најави дека делумно ја напушта работата во Сибир за да се насочи кон други планови кои ги потцртал. Но, останал во главниот одбор.

Ја основал „Ладога менаџмент“, компанија која планира да инвестира во ИТ-индустријата, инженерските услуги и слично. Катерина и Кирил се многу богати, а според пишувањето на „Ројтерс“ од 2015 година, двојката има дури 2 милијарди долари.

Според пишувањето на светските медиуми, двојката поседува и луксузна вила во Биаритц во Франција, чија вредност се проценува на 3,7 милиони долари.

Романтична венчавка

Кирил и Катерина се венчале во 2013 година на тајна церемонија. „Ројтерс“ за тоа пишувал во 2015 година, истакнувајќи дека венчавката е одржана во едно скијалиште под името „Игор“.

Двојката стигнала на санки, кои биле влечени од три бели коњи, а на свеченоста присуствувале 100 гости. Од нив е побарано пред влезот да ги предадат своите мобилни телефони. На церемонијата на венчавката можело да се лизга, а младенците се фотографирани и на снег.

Татина наследничка

Поради тоа што нејзиниот татко нема синови, „Сан“ вели дека Путин наводно сакал да го наследи помладата ќерка, па сакал да ја обучи добро за да може да ја преземе улогата.

Како период за тоа се споменува 2024 година, кога оваа дама ќе има 38 години. Се претпоставува дека тогаш ќе се кандидира на изборите за претседател.

Според рускиот закон, Путин нема да може повторно да се кандидира за претседател на изборите во 2024 година затоа што ќе има 71 година.

Луѓето кои се блиски до Катерина велат дека на оваа млада дама идејата да биде претседателка на Русија исклучително ѝ се допаѓа.

Марија Путин

Марија Путина, или Марија Путин, е постарата ќерка на рускиот претседател и има 32 години. Оваа дама е родена во Санкт Петербург. Студирала на државниот универзитет во Санкт Петербург каде што завршила биологија, а студирала и медицина во Москва. Медиумите пишувале дека неодамна живеела во Холандија од каде потекнува и нејзиниот партнер, бизнисменот Јорит Фасен.

Во јавноста излегол и податок дека станот во кој живеела во Холандија е продаден. Станот се наоѓал недалеку од Хаг и е продаден за 3 милиони долари, пренесува „Њусвик“. Семејството и пријателите наводно ја нарекуваат Маша, а тоа е и името на мајката на Путин.

Сопругот на Марија

Нејзин сопруг е бизнисменот Јорит Фасен, со потекло од Холандија. Како и многу блиски соработници на Путин, и за него не се знае премногу. Тој работел за „Газпром“, руска нафтена и гасна компанија, како извршен директор откако завршил архитектура на универзитетот во Хаг.

Поедини медиуми пишувале дека двојката е во брак и има деца, а Путин претходно оваа година потврди дека има внуци и дека сака  тие да пораснат нормално, а не како принцови.

Во јавноста во 2010 година се појави вест дека Путин  бил нападнат од страна на телохранители на истакнат руски банкар Матвеј Урина, по една сообраќајна незгода.

Банкарот е осуден поради хулиганство и предизвикување несреќа, а подоцна добил 7,5 години затвор поради злоупотреба од 517 милиони долари.

Критичарите го обвинија Путин дека ова е преголема казна за Урина и тоа само затоа што Фасен е поврзан со неговата ќерка.

 

 

Scroll to Top