Без разлика колку да го сакате партнерот со кој сте, едноставно некои работи се недопустливи. Паметната жена никогаш нема да ги направи овие пет работи за својот партнер.
Да му помагате финансиски
Секоја жена, која партнерот си го финансирала, горко зажалила поради тоа. Бидете му поддршка кога е тешко, но никогаш немојте да дозволите некого да го издржувате.
Да му купувате скапи подароци
Никогаш не му ја покажувајте љубовта преку скапите подароци. Не обидувајте се да го импресионирате така што ќе потрошите огромна количина пари на него, особено не на почетокот на врската. Ова вашата врска ќе ја одведе во погрешна насока. Парите не треба никогаш да бидат мерка за љубов.
Да менувате го изгледот само затоа што тој така сака
На жените речиси им е природно да го менуваат изгледот во склад со она што на партнерот му се допаѓа. Да се разбереме, нема ништо погрешно во тоа што ќе поминете малку повеќе време средувајќи ја косата или фризурата пред состанокот.
Тоа е можност да ја нагласите својата природна убавина и да си ја подигнете самодовербата. Сепак, би требало да бидете еднакво самоуверени пред него кога ќе се појавите во маичка и фармерки, како и кога ќе се појавите во фустанот што тој го сака. Бидете вие, бидете свои.
Немојте никогаш да го менувате изгледот поради мажот, па дури и да го сакате најмногу на целиот свет. Доколку ве притиска да се облекувате како што тој сака, да носите фризура каква што тој сака или на кој било начин да го менувате своето тело, тој не е вреден за вашето време.
Да се откажете од своите соништа
Тоа што сте во врска не значи дека треба да се откажете од своите соништа само затоа што неговите соништа не се поклопуваат со вашите. Напротив! Правиот маж ќе ве поддржи во сите ваши намери.
Да измислувате оправдувања за него
Кога тој ќе згреши, понекогаш сигурно за тоа има добро оправдување, но не е на вас да измислувате за него. На тој начин се залажувате самите себе и во суштина му давате поддршка на неговото непримерно однесување во некои ситуации. Кога ќе затреба, слободно удрете со дланката на маса… Секако, мислиме фигуративно.