Дури и ако не го правите тоа свесно, тоа не значи дека тоа не го нервира вашиот партнер.
Вие и вашиот партнер сте совршени еден за друг и тој е последната личност која сакате да ја вознемирите. Но, сепак никој не совршен и секој од нас има некои свои посебни карактеристики.
Ви откриваме шест начини на кои можеби случајно го нервирате својот партнер.
Средувате откако тој веќе средил
Тој не ги наредил садовите на вистинскиот начин, па вие сте го направиле тоа место него, нема проблем… освен што сега вашиот партнер ќе се чувствува како да не ја цените неговата помош. Решение за ова секако е разговор – договорете се кој што ќе прави и како, за да не дојде до такви непријатни ситуации.
Константно се спуштате самите себе
Без разлика дали имате лош дел или ловите комплименти, може да биде доста напорно за вашиот партнер да ви биде дежурен навивач. Покажете си себеси малку љубов на тој начин што на партнерот ќе му ги раскажете добрите работи кои ви се случиле во текот на денот, а потоа оние лошите, кои знаете како да ги прифатите, без потреба од тешење.
Залепени сте за својот телефон
Секој од нас умее понекогаш да претера со својот телефон, но постојаното телефонирање во друштво на партнерот ќе направи да игледате помалку присутно, односно вашиот партнер ќе се почувствува небитен. Немојте веднаш да ги проверувате сите известувања или одредете си време во кое ќе можете да користите телефон и потоа не чепкајте го повеќе. Можеби ова на почетокот ќе биде доста предизвикувачки за вас, но бенефициите се навистина одлични.
Слушајте селективно
Во еден момент вашиот партнер зборува за плановите за викенд, додека во следниот вие се исклучувате дур ви ја прераскажува третата сезона од својата омилена серија. Наместо вашиот партнер да се чувствува како да зборува со ѕид, дајте му до знаење дека го слушате, поставувајќи му прашања и коментирајќи.
Го прекинувате кога сте во друштво
Одлично е кога паровите еден на друг ги завршуваат речениците, но понекогаш тоа може да биде арогантно и фрустрирачки.
Не одговарате на пораки
Вратете му на СМС-пораката во текот на денот… сигурно имате време за тоа.