Рачно пишувани говори на Хитлер продадени на аукција

Рачно напишани говори на Адолф Хитлер се продадени денес на аукција во Минхен, а еден од нив достигна цена од 34.000 евра, многу повисока од очекуваната. Документите се продадени на анонимни купувачи, пренесе „АП“.

Овие рачно напишани говори се продадоа и покрај критиките на неколку еврејските групи, кои сметат дека тоа би можело да ги охрабри нацистите.

Аукциската куќа „Херман хисторика“ ја бранеше продажбата на ракописите кои настанале пред почетокот на Втората светска војна со коментар дека тие имаат историска вредност и дека треба да бидат чувани во некој музеј.

Текстот кој Хитлер го напишал за говор пред новите воени официри во Берлин 1939 година, околу осум месеци пред почетокот на Втората светска војна, достигна највисока цена од 34.000 евра.

Scroll to Top