Ракопис од Ајнштајн со Теоријата за релативноста е продаден за 11,6 милиони евра

Ракопис на Алберт Ајнштајн, во кој тој ја испитувал својата Теорија на релативноста, е продаден на аукција за рекордни 11,6 милиони евра во Париз. Станува збор за ракопис на 54 страници напишан 1913/1914 година во Цирих, Швајцарија, што го пишувале Ајнштајн и неговиот соработник Микеле Бесо.

Аукциската куќа „Кристи“, каде што се одржа лицитацијата, пред продажбата соопшти дека ваквите документи се многу ретки за тој период и воопшто за периодот пред 1919 година.

Претходните рекорди за ракопис на Ајнштајн беа 2,4 милиона евра, исплатени по наддавањето во 2018 година за еден напис за Бог, и 1,39 милион евра во 2017 година во Ерусалим за писанието за тајната на среќата. Новиот продаден документ се проценуваше на два до три милиони евра. За разлика од двата претходни рекордни ракописа, овој запис е научно дело.

Scroll to Top