Ранците се тренди оваа есен

Иако ранците се прва асоцијација за училиште, светските трендсетери и модни куќи велат дека тие ќе бидат вистински хит оваа есен. Со ова, еден од најголемите трендови од 1990те, повторно се враќа во мода.

Ранците со различни големини, во боја или црни со нитни, со додатоци од крзно, кадифе, везови и принтови, ќе бидат вистински хит. Голем број модни компании веќе ги вклучија во својата есенска колекција. Овој моден додаток може да го носите со фустани, фармерки, на патики, дури и со чевли на високи потпетици. Важно е само како ќе го комбинирате.

Scroll to Top