Британката Ребека Џејн решила да ја отвори првата женска приватна детективска агенција откако во 2009 година открила дека сопругот ја изневерува. Таа својата работа од Англија подоцна ја проширила во уште две други држави.
Во едно од нејзините последни интервјуа Ребека открива дека успеала да го развие бизнисот во три земји и дека вработила повеќе од 40 луѓе. Успеала да реши повеќе од илјада случаи на неверство, користејќи најсовремена шпионска технологија. Меѓу клиентите имало од обични луѓе до познати музичари, уметници, спортисти, па дури и политичари. Односот на мажи и жени кои ги барале нејзините услуги бил 50:50.
Во 2018 година ја продала фирмата и почнала нов бизнис, фирма што нуди консалтинг-услуги, холистичко лечење и јога-третмани преку интернет.
Претходно се појавила во британското шоу „Големиот брат“, во кое предизвикала контроверзии во јавноста со своето однесување. Постојано влегувала во расправии и кавги со другите учесници. Во шоуто признала дека имала секс со еден од детективите во нејзината агенција.
Ребека ги искористила медиумите и славата за да ја напише и книгата „Првата женска детективска агенција“, која изглела во 2013 година и била бестселер.
Кариерата ја заокружила со улогата на водителка во емисијата „Ова утро со Џон и Холи“, која се емитува на ITV телевизија. На средината на оваа година Ребека повторно била во центарот на внимание кај британската јавност со нејзината афера со рагби-играчот Бен Фоден. Аферата беше откриена откако се откри дека двајцата си разменувале експлицитни пораки. Аферата се откри неколку дена пред венчавката на Бен.
Триесет и двегодишната Ребека денес среќно живее во Британија со нејзините две деца, Почиз и Париз.