Редок модел на „бе-ем-ве“ продаден за 200.000 долари

Моделот „E39 M5“, кој за многумина еден од најдобрите автомобили што се произведени во историјата на БМВ, е продаден за 200.000 американски долари.

Автомобилот беше продаден во Синсинати, Охајо, преку „Ентузијаст автогруп“, фирма специјализирана за модели на „бе-ем-ве“. Возилото претходно имало само еден сопственик, кој ретко го возел, па километражата покажува 5.000 поминати километри, а автомобилот сè уште ги има оригиналните гуми.

Каросеријата, механиката и ентериерот во меѓувреме се обновени и доведени во речиси совршена состојба, па од компанијата што го продадоа автомобилот велат дека новиот сопственик добил речиси музејски примерок.

Овој „М5“ е произведен 2003 година и ја претставува последната моделска година за генерацијата „Е39“, што значи дека е нејзина најдобра верзија. Според познавачите на автомобили, во иднина „E39 M5“ ќе вреди многу повеќе.

Scroll to Top