Регистрирани потреси под површината на Антарктикот

Стотина мали потреси секојдневно се случуваат под антарктичкиот лед, но само мал дел од нив е регистриран. Ова е наведено во извештаите на најновите истражувања направени од тим научници.

За да ја докажат ваквата теорија, тимот научници минале неколку месеци летајќи околу источниот Антарктик. Нивните конечни резултати ја побиваат старата геолошка хипотеза.

Истражувачите верувале дека тежината на масовните ледени плочи на континентот се прицврстени за кората под нив, со што се спречува тие да се придвижуваат. Но, новите резултати покажуваат дека источната страна на Антарктикот има голем дел потреси и раздвижувања.

„Недостигот на забележани сеизмички активности е резултат на немањето инструменти кои се доволно блиску за да ги регистрираат“, напишала авторката Аманда Лоф.

Лоф и нејзините колеги истражувачи патувале од точка до точка на континентот и поставиле сензори што откриле 27 мали потреси во 2009 година во должина од 2,1 метра. Овие потреси никогаш претходно не се откриени поради слабиот интерес да се истражува на толку студено место.

 

 

Scroll to Top