Решиле да го отплатат националниот долг од толку што си ја сакаат татковината

Жителите на Малезија откриле необичен начин да го намалат јавниот долг. Државата чиј долг изнесува речиси 80% од БДП-то, одлучиле да помогнат со сопствени пари, преку Краудфандинг кампања.

Уште во првиот ден собрале речиси 19 милиони долари, иако тоа било сламка во пластот сено, бидејќи националниот долг на Малезија изнесува повеќе од 250 милиони долари.

Се чини дека во оваа азиска држава и понатаму владее оптимизам по првата промена на власта од 1957 година, па се подготвени да и помогнат на државата од сопствениот џеб.

Кампањата ја покренал 27 годишно момче, кое како што вели бил заљубен и горд на својата земја. Ова го покренало интересот на целата земја и властите.

„Граѓаните доброволно ги делат своите пари со владата за да ни помогнат да се реши овој тежок терет“, изјавил министерот за финансии, Лим Гуан Енг и додал дека ваквиот начин на собирање на пари е систематичен и транспарентен.

Во првиот ден од кампањата собрани се 1,8 милиони долари, а Би-Би-Си вели дека ваквиот начин на помош, потсетува на доцните 1990-ти години, кога жителите на Јужна Кореја стоеле во редови за да ги донираат бурмите и останатите вредности и да и помогнат на државната економија за време на финансиската криза во Азија.

Иако меѓу Малезијците владеел оптимизам, економските експерти не биле премногу воодушевени од овој начин на враќање на огромниот долг и предлагале ефикасен начин како плаќање на даноци и купување на домашни производи. Не биле задоволни ни корисниците на социјалните мрежи од другите држави, кои веќе шпекулираат дека и во нивните земји ќе се обидат со нешто слично.

Новиот премиер нагласил дека на сите начини ќе се борат да се намали огромниот долг, а се надедва дека еден дел, околу 700 милиони долари, ќе се вратат кога ќе почнат обвинувањата за корупцискиот скандал на поранешниот претседател.

Scroll to Top