Примерок од првото издание на книгата „Хари Потер и каменот на филозофот“, од Џ.К. Роулинг беше продаден за 471.000 долари на вчерашната аукција. Аукциската куќа „Херитиџ“ соопшти дека ова е највисоката цена некогаш платена за првата приказна за момчето волшебник, во која било форма.
Изданието е едно од 500-те примероци со тврда корица, од кои повеќето завршија во јавните библиотеки.
„И не само што е најскапата книга за Хари Потер некогаш продадена, таа е и најскапото комерцијално објавено дело – белетристика од 20 век продадено досега“, изјави Џо Мадалена, извршниот потпретседател на „Херитиџ окшнс“.
Тој додаде дека уште неколку примероци кои се појавиле на наддавањато се вброиле меѓу најпосакуваните наслови од модерната литература, а уште два биле продадени во 2021 година за повеќе од 138.000 долари. Меѓу другите ретки книги на наддавањето се првите изданија на сите седум наслови на „Хрониките на Нарнија“ на К.С. Луис.
За потсетување, „Хари Потер и каменот на филозофот“ беше оживеана на големото платно пред две децении.