Рецепт од Витлеем – напивка од алое која спречува рак

Почитуваниот учител и отец Романо Заго од Бразил со години ја проучувал лековитата билка алое и открил лек за кој тврди дека го превенира и лекува ракот.

За тоа објавил и книга со име „Ракот се лекува“ Овде само ќе ви ги пренесеме неговиот рецепт за лекот и начинот на кој го прави и користи. Деталите и многу повеќе за начинот на користење можете да го пронајдете во книгата што може да ја набавите на англиски јазик на интернет или во книжарниците.

Романо Заго служел во Бразил во сиромашен крај и таму забележал дека народот бргу и лесно заздравува од разни болести користејќи разни видови алое. Романо на проучување на оваа билка посветил 20-ина години. Продолжил со истражувањето и кога се преселил во Бетлхем, каде што живее до ден-денешен. Роден е 1932 година.

Состојки

  • 300 грама свежо лисје од aloe arborescens
  • 6 лажички дестилиран алкохол
  • 500 грама природен мед

Подготовка

За рецептот се препорачува aloe arborescens, кој е многу подобар и посилен вид отколку aloe vera. Обидете се да го откриете овој вид. Успева и на овие простори, дури и во некои садници во вашите домови. Сепак, ако не сте во состојба да го најдете, може да се послужите со aloe vera, која ги има сличните својства, само нешто послаби.

Листовите или листот со тежина од 300 грама ќе ги измиете, ќе ги отстраните боцките, ќе ги исечете на парчиња и ќе ги ставите во блендер. Ќе додадете половина килограм мед и 5 лажички силен алкохолен пијалак, кој служи за подобра апсорпција на капиларно ниво во моментите на консумирање. Доколку не пиете алкохол, употребете природен јаболков оцет во иста количина.

Смесата блендирајте 2 -3 минути. Сипете ја напивката во стаклено шише, кое ќе го држите исклучиво во фрижидер.

Консумација:

Земајте 1-2 лажички најмалку половина час пред јадење трипати на ден. Пред тоа шишето добро промешајте го. На почетокот земајте 1 лажичка трипати на ден, а по тоа зголемите ја дозата на две. Смесата со рецепт е доволна за 10 -12 дена. По оваа доза, се прави пауза од 10 дена и третманот се повторува по потреба. Третманот може да се користи заедно со сите западни медицински терапии. Паузата од 10 дена се прави поради благата токсичност што билката ја поседува, иако многу луѓе ја користат и без пауза.

Сведоштва

По сведоштвата на отец Романо и неговите многубројни пациенти, на овој начин излекувани се тумори на матката, гласните жици, дојките, простатата, мозокот, дебелото црево, мочниот меур, коските, леукемија и други. Лекувањето на овој начин траело 2-3 месеци вклучувајќи, според нивни тврдења, и случаи во терминални фази на рак.

Лекот е бесплатен, а отец Романо инсистира дека не се работи за никакво чудо, туку за испробан народен метод. Сепак, Романо нагласува дека превенцијата е важна и дека секој човек треба додека е здрав, да испие најмалку еднаш годишно доза од оваа напивка за да го превенира ракот, но и сите други видови заболувања. На овој начин би се засилил сопствениот имунолошки систем, кој би можел да ве одбрани со сопствени сили од најтешките заболувања.

Многубројни студии направени во светот во последните 30 години потврдиле дека потенцијалот на алоето како извонредно средство за многу болести ги вклучува и неговите антиканцерогени својства.

Ако се работи за најтешките можни заболувања, нема да тврдиме дека овој лек навистина функционира, туку само ќе ви го пренесеме резимето на голем број сведоштва кои може да се најдат секаде во светот во врска со ова прашање. Поради тоа што се работи за лесно достапни, нештетни и многу евтини состојки, мислиме дека секако вреди да се обидете со оваа напивка.

 

 

Scroll to Top