Ревијата на Монт Еверест ја однесе модата на рекордни височини

Непал влезе во Гинисова книга на рекорди откако организираше модна ревија на височина од 5.340 метри, што е најголемата надморска височина во историјата на која се одржала ревија. Настанот се одржа и на Калапатар, во близина на базен камп за оние што го искачуваат Монт Еверест. Модната ревија беше дел од туристичката кампања „Посетете го Непал во 2020“. Учествуваа модели од цел свет и тие допатуваа од земји како Италија, Финска, Шри Ланка и Сингапур.

„Поставивме нов рекорд: модна ревија на надморска височина од 5.340 метри! Пешачевме 11 денови без да се тушираме, пиевме превриен снег и спиевме на температури до -30 Целзиусови степени без дополнителен кислород. Не беше лесно, но успеавме“, напиша на „Инстаграм“ Наташа Борозан, манекенка од Мостар која живее во Италија.

Настанот имаше за цел да промовира одржлива мода и свесност за климатски промени и целата авантура ќе биде претворена во реално шоу, што ќе се емитува на пролет.

Scroll to Top