Римскиот Колосеум првпат за туристи ги отвори подземните премини и кафези

Римскиот Колосеум по долгогодишни реновирања првпат ги отвори подземните премини, кафези и простории каде што затвореници, животни и гладијатори чекале пред да се отворат портите и да излезат во арената. Стар 2.000 години, овој амфитеатар е најголем во Римското Царство и е  најпопуларната туристичка атракција во Италија. Само во 2019 го посетиле 7,6 милиони луѓе.

„Над 80 археолози, архитекти и инженери работеа во подземјето со цел споменикот што го обожава цел свет да го добие заслуженото внимание“, открива Диего Дела Вале, директор на италијанската модна групација „Тод“, која го финансира проектот.

 

Поставена е и пешачка патека од 160 метри, преку која може да се стигне до делови кои претходно не беа достапни.

Целиот процес на обнова започна пред осум години и чини 25 милиони евра. Во последната фаза, која е предвидена да заврши за околу три години, ќе се обноват галериите и системот за осветлување и ќе се направи нов центар за посетители.

(Фото Ројтерс)

Scroll to Top