Роберт Дауни и Ен Хетавеј номинирани за Златната малина

Aктерите Роберт Дауни Џуниор и Ен Хетавеј се номинирани за наградата Златна малина во категориите „Најлош актер“ и „Најлоша актерка на годината“, а филмовите „365 дена“ и „Неверојатното патешествие на доктор Дулитл“ се меѓу номинираните во категоријата „Најлош филм на годината“.

Златната малина се доделува во девет категории: за актерство, режија, сценарио, римејк и најлош филм на годината, а се доделуваат пред Оскарите.

Годинава во категоријата „Најлош филм“ се номинирани и „Остров на фантазијата“, „Мјузик“ и „Апсолутен доказ“.

Меѓу номинираните за најлош актер се и Адам Сендлер, Микле Мороне, Мајкл Лендел и Дејвид Спејд.

Номинирани во категоријата „Најлоша актерка“ се и Кејти Холмс, Кејт Хадсон, Лорен Лапкус и Марија Сиклуицка.

Наградите ќе бидат доделени на 24 април.

Scroll to Top