Принцот Филип, 96 годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, вчера се повлече од јавниот живот, откако присуствуваше на парадата на Кралските маринци, во Бакингемската палата, јавуваат агенциите.



Неговиот дедо од страна на татко му, грчкиот крал Џорџе I, и синот на данскиот крал, Кристијан IX. Бабата од страна на татко му, била Олга Константинова од руското императорско семејство Романов. По мајчина линија, е потомок на британската кралица Викторија.

Во март 1947 година, се одрекол од титулата грчки принц, и го прифатил презимето Маунтбатен според британската верзија на мајчиното девојачко презиме Батенберг.


Поради тоа ја промени и вероисповеста, па од православна мина во англиканска вера и ја доби титулата војвода од Единбург.

Британската кралица Елизабета II и принцот Филип имаат четири деца: Принцот Чарлс, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард. Нивниот брак важи за најдолг, кога се во прашање владејачките членови на кралсктото семејство.

Бил прв член на кралското семејство кое летал во хеликоптер, и редовно и правел друштво на својата сопруга во текот на бројните должности во земјата и странство.

Принцот Филип во друштво на својот син принцот Чарлс, редовно ја посетувал Света гора. Тие сега се почесни членови на Англиското општество на пријателите на Света гора.
Последен пат принцот Чарлс приватно го посетил манастирот Хиландар, на 12 септември 2003 година, и во таа прилика бил воодушевен од убавината на српското духовно наследство, изјавија во прес службата на Патријаршијата SPC.

Англиското општество, на чие чело е Калистос Вер, епископот Диоклеје, исто така ги приложил првите 5000 англиски фунти за обнова на манастирот Хиландар.