Катарина Мостова од Индијанаполис родила 17 бебиња за 29 часа, сите машки. Таа го урнала светскиот рекорд за раѓање бебиња.
„Беше тоа неверојатно искуство. Мислам дека ќе имам кошмари за овој ден подолго време“, рекол доктор Џек Моров, кој ја породил Катарина.
Катарина Мостова и нејзиниот сопруг не можеле да имаат деца, па се решиле за вештачко оплодување на клиника на Родос. Велат, очекувале близнаци, но не се надевале дека ќе добијат 17 деца. Тие децата ги крстиле Џејмс, Џексон, Џерод, Џервис, Џесон, Џереми, Џес, Џером, Џими, Јоаким, Џонатан, Џон, Џозеф, Џулијан, Џимбо и Дет.