Родителите што му ја фрлија порноколекцијата на синот опседнат со секс мора да му платат 30.000 долари

Судот во Мичиген им нареди на родителите на Дејвид Веркинг (43) да му платат отштета од 30.441 долар на својот син бидејќи му ја фрлиле неговата колекција порнофилмови, пишува „Гардијан“. Дејвид пред осум месеци го доби спорот против родителите, но судијата Пол Малони дури сега донесе конечна пресуда за висината на отштетата. Освен за фрлената порноколекција, родителите на Веркинг ќе мора да платат и 14.000 долари за адвокатот на нивниот син.

На судењето Веркинг изјавил дека неговите родители ја фрлиле неговата огромна колекција порно филмови, списанија и други предмети, кои вределе 29.000 долари. Судијата го зел предвид и мислењето на експертите за вредноста на колекцијата.

Веркинг, кој живеел во куќата на неговите родители десет месеци по разводот, откако се преселил, открил дека му недостасуваат кутии полни со порнофилмови и списанија. Неговиот татко потоа му напишал писмо во кое, меѓу другото, вели: „Искрено, Дејвид, ти направив голема услуга кога те ослободив од сите овие работи“. По ова, тој решил да ги тужи родителите.

Во пресудата донесена во декември минатата година, судијата Малони рече: „Нема сомнение дека уништениот имот бил сопственост на Дејвид. Обвинетите постојано повторуваа дека навистина го уништиле имотот. Обвинетите не можеа да наведат ниту еден закон или судска пракса за да го поткрепат тврдењето дека како сопственици имаат право да уништат имот што не им се допаѓа“.

Дејвид за порнографија почнал да се интересира уште во средно училиште. Според неговиот татко, тој бил исфрлен од факултет зашто го фатиле како им дели порноматеријали на други студенти.

Scroll to Top