„Ролинг стоунс“ е прв бенд што има албум број еден во шест различни децении

„Ролинг стоунс“ стана прв бенд во историјата на музиката чиј албум се нашол на првото место на топ листите во шест различни децении. Легендарните музичари директно дојдоа на врвот на британската топ листа со обновената верзија на албумот Goats Head Soup. Истиот овој албум беше на првото место и кога оригинално излезе во 1973 година.

Ролинг стоунс“ сега има 13 првопласирани албуми во кариерата, со што се израмни со Роби Вилијамс и Елвис Присли. Само „Битлси“ има повеќе албуми од нив, односно 15.

Scroll to Top