Романтичен концерт со хитовите на Френк Синатра во Битола

Синоќа во големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концертот под име „LOVE O’CLOCK – Fly me to the Moon“ на кој беа испеани песните на легендарниот американски глумец и пејач Френк Синатра.

Вокалистката Јасна Димитровска заедно со Битолскиот дувачки оркестар со гостинот Нико Ѓоргиевски пред публиката исполнија седумнаесет негови композиции.

„Секоја година правам годишен концерт во зимските месеци и секогаш имало по некоја негова песна на мојот репертоар, но овој пат одлучив да направам целовечерен концерт со неговите љубовни рефрени“, рече Димитровска.

Пред неколку години, во Битола се возобнови Битолскиот дувачки оркестар кој на репертоар има од класици до современи композитори со кој раководи Марјан Бакревски.

За потсетување, легендарниот американски пејач Френк Синатра почина пред 24 години. Во кариерата има снимено 58 филма и продадено преку 250 милиони плочи. Освои еден „Оскар“ и 13 награди „Греми“.

 

Scroll to Top