Најдобриот српски судија Милорад Мажиќ ќе го суди финалето во елитното фудбалско натпреварување Лига на шампиони. Тоа е веста што ја израдува пред сè српската јавност. Сепак, еден фудбалер не се воодушевува премногу од Мажиќ. Не станува за кој било фудбалер, туку за најдобриот во светот, Кристијано Роналдо.
Нивниот конфликт датира уште од 2014 година на Мундијалот во Бразил, поточно на мечот меѓу Германија и Португалија, кој „панцирите“ го добија со 4:0. Во тој меч Мажиќ ја имаше најважната улога во својата кариера.
Без проблеми му додели црвен картон на одбранбениот фудбалер на Португалија Пепе, а потоа неколкупати не му дозволи на Роналдо да го испровоцира, особено кога досуди пенал за Германија.
„Сите имаат различни карактери и крајно професионален однос кон судиите. Што се однесува до тој однос, морате да повлечете линија меѓу вас и оние кои се лидери во своите тимови. Ако тоа не го решите на почеток, тогаш ќе имате конфликт. Не само со него туку и со другите играчи, стручниот штаб и публиката“, изјавил Мажиќ, кој беше кандидат да го суди финалето од Европското првенство, но на тој пат се испречи Португалија.
Во конкуренцијата за финалето беа и Касаи, Клатенбург и Мажиќ, кому Португалците сè уште не му го простуваат судењето од мечевите на Мундијалот. УЕФА не сака да ризикува, но во Европската куќа на фудбалот одамна на сите им е јасно дека минало времето кога смело се поставувало прашањето кој е тој судија од Србија и од каде има право да доделува картони на најголемите ѕвезди.
Сепак, на овој судија ни четирите операции на колената не му се пречка да се трка со најголемите ѕвезди на денешницата. Од Меси, Суарез и Нејмар, па до Ибрахимовиќ и Погба.
И во таа кобната 2016 година успеал да оддолее на притисоците на тогаш еден од најголемите фудбалери Кристијано Роналдо, кој на секој начин се обидувал да влијае на него и неговите одлуки.
Мажиќ често бил на удар на англиските медиуми, традиционално екстремно пристрасни кога се во прашање нивните клубови и репрезентација. Го напаѓаа за судењето меѓу Сити и „гордиот албион“, а по дебаклот на „граѓаните“, во Шпанија не ни помислувале да кажат нешто.
Кога дознале за веста дека Милорад Мажиќ ќе ја дели правдата на ова финале, повторно ги оживеале старите рани.
Тргнале со различни наслови на „Сан“ и „Мирор“ од типот:
„Кој е тој Србин?“, или „Најлошиот судија на Светското првенство го суди финалето од Лига на шампиони“.
Можеби ова ви делува нереално, како и на нас, но тоа се Англичаните.
Роналдо со „Кралскиот клуб“ ќе има можност да испише нова историја во Лига на шампиони во Киев, доколку по трет пат по ред стане најдобриот фудбалер во ова натпреварување.