Руси создадоа челични панцири отпорни и на ракети од тенкови

Русите во регионот Владимир тестираа трета генерација борбени униформи, кои се состојат од заштитни костими, панцири отпорни на куршуми и кациги како да се од друга планета поради тоа што се дизајнирани да штитат од напади од балистички ракети со специјални камери.

Во униформите тешки 10 килограми се наоѓа и специјален систем за подигање и спуштање на температурата на телесната маса во зависност од временските услови. Исто така, вградени се и камери, и тоа за градите и грбот на војникот. Тие се заштитени со специјални плочи направени од челик, цврст политилен и керамика.

„Флексибилноста е една од најважните карактеристики на новите униформи за војниците. Тие во нив може, да речеме, во исто време да бараат и неутрализираат мини, но и да нападнат и да го ликвидираат непријателот на терен, што досега не било случај“, изјави генерал-поручник Јури Стравицки, шефот на рускиот инженерски центар.

На снимката се гледаат и симулирани напади на руските војници, на кои се пука дури и од тенкови, пренесува „Спутник“.

Јури Стравицки додал дека за време на создавањето на новите униформи во процесот биле имплементирани сите искуства на војниците од Сирија минатата година, пишува „Раша тудеј“.

 

Scroll to Top