Русите и Американците се договорија заедно да ја истражуваат планетата Венера

Русите и Американците постигнаа заеднички договор за истражување на планетата Венера. Ова го соопшти првиот човек на руската вселенска агенција Roskosmos, Дмитириј Рогозин, во интервју во саботата.

„Се договоривме со Американците за заедничка мисија на Венера“, рече Рогозин, додавајќи дека заедно е полесно да се прифати предизвикот и во економските и техничките предизвици.

„Таквите проблеми е полесно да се решаваат заедно со користењето на талентот на нашите научници“, рече Рогозин, но, не преицзираше кога ќе започне мисијата.

Најблискиот планетарен сосед на Земјата е Венера. Таа е со слична големина како и нашата планета, но, на нејзината површина е покриена со густи облаци, а поради катастрофалниот ефект на стаклената градина, на нејзината површина температурите стигнуваат и до неколлку стотина степени Целзиусови.

Русија првично ја најави мисијата на Венера минатата година, со прелиминарни датуми на лансирање меѓу 2027 и 2029 година. Неодамна Обединетите Арапски Емирати исто така објавија дека имаат намера да ја истражуваат оваа планета.

 

Scroll to Top