Подготвена е првата руска вакцина против коронавирусот, а која е направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.
Ова го изјави заменик-рускиот министер за одбрана, Руслан Цаликов. Тој изјавил дека специјалисти и научници од Националниот истражувачки центар ги објавиле последните проверки и тестирања. Сите доброволци приматели на вакцината развиле имун одговор на коронавирусот.
Цаликов дополни дека сите доброволци се чувствувале одлично.
„Можам да кажам дека првата вакцина против коронавирусот е подготвена“, изјавил Цаликов во разговор со новинарите од весникот „Факти и аргументи“, пренесува агенцијата „Тас“.