Рускиот музичар Андреј Сучилин предизвикал принудно слетување на авион на компанијата „Трансавија“ поради неподносливата миризба што се ширела од него.
„ Мирисаше како да не се избањал со недели. На неколкумина патници им се слоши“, изјавил еден од патниците во авионот.
Поради тоа, авионот морал да слета во Португалија, а на Русинот му била укажана и лекарска помош. Се покажало дека тој на летувањето на Канарските Острови добил инфекција што му предизвикала некроза (предвремено умирање на клетките) и тоа било причина за смрдеата.
Кога ја откриле, инфекцијата веќе имала зафатено голем дел од неговото тело, па подоцна 58-годишниот Сучилин починал.