За да успее во тоа, нејзиниот свршеник Макс Ланмен, инаку режисер, ѝ понудил да сними реклама за возилото. Ова возило веќе минало 227.070 километри, па сопственичката му одредила цена од 499 долари.
Господинот Ланмен добро го искористил талентот и направил реклама која многу бргу станала популарна, па со самото тоа и цената на возилото почнала вртоглаво да расте.
Последната понуда на „Ибеј“ изнесувала неверојатни 100.000 долари, а продажбата е сѐ уште во тек и ќе трае и наредните три дена.
„Инспирацијата за реклама ја добив од мојата девојка. Кери и јас се возевме покрај брегот додека патувавме на кампување“, изјави тој за Би-би-си.
„Надреално е што рекламата станала толку многу популарна во светот. Фала богу за интернетот“, изјавил тој.
Видете го видеото: