Кинезите продолжуваат со прилично радикалните потези со коишто сакаат да ги заштитат децата од проблемите што им се закануваат поради претераната употреба на онлајн светот.
Прво го ограничија играњето видеоигри за помладите од 18 години на само 3 часа неделно затоа што некои истражувања покажуваат дека премногу време поминато пред екран, освен кратковидност, може да предизвика и ментални проблеми.
Инфуленсерите најмногу ги следат на социјалните мрежи, а една од најпопуларните мрежи во последно време е „Тик ток“. Оваа мрежа е особено популарна меѓу младите корисници во целиот свет, па така и во Кина, каде што ByteDance имка верзија под друго име – Douyin.
Кинеската верзија на оваа мрежа сега доби посебен мод за младите кој е наменет за помладите од 14 години, на кои времето на користење на апликацијата сега ќе им се ограничи на многу малку.
Имено, како што објавија од ByteDance, помладите од 14 години ќе можат да ја користат нивната апликација од 6 наутро до 10 навечер, но во период од само 40 минути во текот на тие 16 часа.