Само 838 туристи во мај, 99,2 отсто помалку од лани

Македонија во мај годинава ја посетиле само 838 туристи или 99,2 % помалку од истиот месец лани. Според Државниот завод за статистика, во тој период биле реализирани 4.946 ноќевања, а тоа е 97,6 проценти помалку од минатиот мај.

Бројот на домашните туристи во мај 2020 година во однос на мај 2019 година е намален 97,8 отсто, а на странските 99,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален 96,7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи 98 проценти.

Во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е намален 63,2 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување од 58,2, а кај странските 65,6 отсто.

Scroll to Top