Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, ја купи најскапата куќа на светот за 300 милиони долари и покрај тоа што се залага за борба против корупцијата и спречувањето на непотребното трошење пари на членовите на кралското семејство.
Бин Салман го купил замокот на Луј XIV, кој има 4.645 квадратни метри, објави „Њујорк тајмс“. Принцот наводно го купил изданието вредно 300 милиони долари во 2015 година, а покрај тоа купил и јахта од 500 милиони и слика од Леонардо да Винчи вредна 450 милиони.
Принцот замокот го купил од многубројни компании во Франција и Луксембург, кои се во сопственост на Eight Investment Company, саудискиот инвестициски фонд кој го основал Салман.
Замокот Луј XIV е срушен во 2009 година и на истото место е подигнато модерното издание.
Во оваа вила принцот на располагање има вински подрум, кино, 10 спални соби, базени, две балски сали, ноќен клуб, а сите светла, фонтани и клима ги контролира преку својот „ајфон“.