Се бара кандидат што ќе изгледа 25 божиќни филма

By

Среќник што живее во САД ќе биде платен да гледа 25 божиќни филма за 25 дена, а оваа хонорарна работа ја нуди веб-страницата за оценување производи „Ривјус“.

Треба да биде избран еден кандидат што ќе ги гледа филмовите по сопствен избор. Веб-страницата ќе му додели едногодишна претплата на секоја од дигиталните платформи за филмови и серии, вклучувајќи ги и „Нетфликс“, „Хулу“, „Дизни +“ итн.

По гледањето на филмовите треба да се пополни кратка анкета за филмот. На крајот се добива надомест од 2.500 долари, како и бесплатната претплата за платформите. Ова важи за сите што имаат најмалку 18 години и имаат работна дозвола во САД.

 

Ќе ви се допадне