Се качил на прозорецот од болницата за да се прости од мајка си, која била болна од коронавирус

Фотографијата од Палестинецот Џихад ал Суавити бргу се рашири во светот. На неа се гледа како Џихад успеал да се качи на прозорецот од болницата, каде што била сместена неговата мајка, која била тешко болна од коронавирусот. Џихад се качил за да се прости од неа.

Оваа фотографија потресе многумина во светот. Мајка му на Џихад била хоспитализирана поради Ковид-19, а посетите во болницата не биле дозволени. Џихад седел на прозорецот од болницата за да може да ја види последен пат.

Неговата мајка Расми Сувати (73) починала минатата недела, недолго по посетата на нејзиниот син. На овој необичен, но и тажен начин, Џихад се простил од својата мајка.

„Седев беспомошно на прозорецот од собата за интезивна нега гледајќи ги нејзините последни моменти“, изјавил тој за тамошните медиуми.

„Џихад бил најмладото дете во семејството и бил многу близок со својата мајка. Особено по смртта на неговиот татко пред 15 години. Мајка му, покрај коронавирусот, боледувала и од леукемија. Пред неколку недели таа била позитивно тестирана на Ковид-19.

„Кога слушна за нејзината смрт, Џихад се вознемирил. Но, сега се чини дека се помири со тоа“, изјавил брат му Расми.

Фотографијата од Џихад се појави минатата недела на социјалните мрежи и предизвика многубројни рекции. Еден карикатурист дури и му посветил илустрација.

Scroll to Top