„Се надевам дека беше добро“, порноѕвезда му честиташе роденден на Хамес Родригез

Американската порноѕвезда Кендра Ласт му честиташе  роденден на колумбискиот фудбалер и играч на Реал Мадрид Хамес Родригез. Светските медиуми пишуваат дека двајцата биле во кратка врска, откако се запознале во 2018 година.

Некогашната стриптизерка го тагираше Родригез на социјалните мрежи, на објавената снимка на која таа му тверка во фитнес-сала.

Двајцата досега не давале никаков повод за трачеви, сè до овој момент, кога Родригез наполни 29 години, а Ласт јавно му го честиташе роденденот.

„Брате ова е најголемата победа во 2020 година“, му напишаа фановите на Родригез во коментарите под објавата, додека други му испратија фотографии од Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, во кои двајцата изгледаат шокирани од изборот на девојка на Родригез.

Порака за поддршка стигна и од неговиот соиграч Карим Бензема. Родригез никогаш јавно не ѝ одговори на Кендра, но на „Инстаграм“ им се заблагодари на 46 милиони обожаватели. Тој порача дека му недистига синот.

Кендра е позната како обожавател на спортските манифестации и најчесто фановите можат да ја видат на боксерски мечеви или фудбал.

Scroll to Top