Се продава џипот на Стив Меквин

Џипот што му припаѓаше на американскиот актер Стив Меквин на крајот на ноември ќе биде ставен на продажба на саемот на автомобили во Бирмингем, Велика Британија. Аукциската куќа Silverstone Auctions која ја организира продажбата, очекува тој да се продаде за цена помеѓу 80.000 и 100.000 фунти. Новиот газда на џипот ќе добие и сертификат што го докажува неговото потекло. Иако е стар, џипот е во совршена состојба, оти е целосно реставриран.

Популарниот актер џипот го купил од Армијата на САД. Неговото семејство го продало на човек од Лас Вегас во 1984 година, четири години по смртта на Меквин.

Scroll to Top