Се продава креветот во кој почина Уснија Реџепова – Бизарен оглас кружи на интернет

На „Фејсбук“ неодамна се појави оглас во кој се продаваат предмети што ѝ припаѓаа на пејачката Уснија Реџепова, а меѓу нив е кои и креветот во кој таа починала. Во бизарниот оглас што деновиве кружи на социјалните мрежи, стои дека секој што сака да ја дознае цената на овие предмети мора да му се обрати на агентот за продажба. Фановите јавно коментираат дека се разочарани ваквиот однос на семејството на Уснија,

Освен креветот на Уснија, се продаваат и нејзиниот омилен клавир, гардероба, лични предмети и украси што им припаѓале на пејачката и на нејзиниот починат сопруг, хармоникашот Светомир Шешиќ – Шеле.

Уснија Реџепова беше една од најголемите музички ѕвезди на седумдесеттите и осумдесеттите години во поранешна Југославија. Таа иако беше мажена долги години, со сопругот немаа деца. По нејзината смрт, гогатството на Уснија го наследија нивните најблиски роднини.

 

Scroll to Top