Вилата на Елвис Присли, со седум спални соби, рибник во дворот и традиционална јапонска чајџилница, се продава за речиси 30 милиони американски долари. Имотот на кралот на рокенролот се наоѓа во Лос Анџелес.
Куќата е пуштена во продажба пред две недели за цена од 20 милиони долари, заедно со плацот во близина, кој чини 9,3 милиони долари. Повеќе детали за продажбата сè уште не се објавени, но заинтересирани за куќата се Рајан Хекмат и Јасмин Ларијан, кои се сопственици на модниот бренд „Култ Гаја“.
Лани беше продадена и другата куќа на Елвис Присли во Лос Анџелес за 25,5 милиони долари.