Се самоуби еден од најпознатите актери од мексиканските теленовели

Мексиканскиот актер, пејач, модел и продуцент, 48-годишниот Хавиер Ортиз, кој играше во некои од најпознатите мексикански теленовели Tormenta en el paraiso и La Rosa de Guadalupe, се самоуби. Мексиканските медиуми пишуваат дека актерот се обесил, иако во јавноста нема детали за неговата смрт.

Веста за смртта на Хавиер ја објави негов долгогодишен пријател, но и тој не ја откри причината за смртта.

Во своето последно интервју Хавиер призна дека е многу депресивен бидејќи нема работа, па заработувал така што продавал средства за дезинфекција, маски и ракавици. Тој бил и многу потресен бидејќи за време на карантинот не можел да го гледа својот 8-годишен син кој живее со неговата мајка, неговата поранешна свршеница Карис де Леон.

Инаку, Хавиер зад себе има еден пропаднат брак, со една од омилените мексикански актерки, Патрисија Мантерол.

„Секогаш ќе те паметам како маж со најубава насмевка. Имаше добро срце, секогаш сакаше на сите да им помогнеш и никогаш не беше себичен. Твоите кристални очи криеја топлина и љубов. Беше најдобар татко на синот. Сега си во прегратките на твојата мајка, која толку многу ти недостигаше. Почивај во мир“, напиша Патрисија, која со Хавиер беше во брак од 1999 до 2005 година.

Scroll to Top