Се самоуби поранешниот дечко на Елизабет Харли, продуцентот Стивен Бинг

Холивудскиот продуцент Стивен Бинг изврши самоубиство. Тој скокнал од 27. кат од зграда во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми. Според нив, 55-годишниот Бинг страдал од депресија.

Полицијата и блиските на Бинг не ја потврдиле оваа информација.

Продуцентот нема голем успех во Холивуд, но познат е по скандалот со британската актерка Елизабет Харли. Двојката има син, Демијан, кого Бинг не сакаше да го признае, ниту да го види, па Харли со години го тужеше за да обезбеди алиментација за детето. Бинг има дете и со поранешната тенисерка Лиза Бондер.

Scroll to Top