Деновиве во Небрегово се снима долгометражен документарен филм посветен на животот и делото на Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник. Снимањето на филмот „Дневник по многу години“ се одвива во неговата родна куќа.
Михаил Вељановски, ученик во четвртото одделение во ОУУ „Блаже Конески“ во Прилеп, ја толкува улогата на младиот Блаже.
Режисер и сценарист на филмот е Никола Калајџиски, кој ја сподели веста за снимањето на социјалните мрежи.
„Мики кој храбро издржа два дена напорни и тешки за снимање. Беше задоволство да се работи со него. Михаил, се гордееме со тебе!“, напиша Калајџиски на Фејсбук, заблагодарувајќи се на сите кои учествуваат во проектот, вклучувајќи ги и родителите на Вељановски.
Фото: Фејсбук профили на Никола Калајџиски и Завод и музеј – Прилеп