Природната карпеста формација кај островите Галапагос, наречена Дарвинова порта (Darwin’s Arch) се сруши како резултат на ерозија.
Веста заедно со тажната слика на срушениот природен карпест лак ја соопштија еквадорските власти за заштита на животната средина, додавајќи дека портата повеќе не постои во сегашната форма и дека таму останале само два столба.
Informamos que hoy 17 de mayo, se reportó el colapso del Arco de Darwin, el atractivo puente natural ubicado a menos de un kilómetro de la isla principal Darwin, la más norte del archipiélago de #Galápagos. Este suceso sería consecuencia de la erosión natural.
📷Héctor Barrera pic.twitter.com/lBZJWNbgHg
— Ministerio del Ambiente y Agua de Ecuador (@Ambiente_Ec) May 17, 2021
На фотографиите објавени на социјалните мрежи од еквадорското Министерство за заштита на животната средина може да се видат како стојат уште двата странични столба, додека лакот што ги поврзуваше веќе го нема.
„Дарвиновата порта, која се наоѓа на помалку од една милја од главната област на Оостровот Дарвин, се сруши поради природна ерозија. Портата порано била поврзана со островот. Областа се смета за едно од најдобрите места на планетата за нуркање и набљудување ајкули и други морски животински и растителни видови“, објави Министерството.
Островите Галапагос го добија името по британскиот природонаучник Чарлс Дарвин, основач на првата научна и денес прифатена Теорија за еволуција на живите суштества, која беше именувана по него.
The famed Darwin’s Arch in the Galapagos Islands has lost its top, and officials are blaming natural erosion. The collapse was reported on Monday by the Ecuadorean Environment Ministry. pic.twitter.com/QeJZW8IIqp
— CBS News (@CBSNews) May 19, 2021
Галапагос е под заштита на УНЕСКО од 1978 година, а архипелагот сега има околу 30.000 жители.
Вулканскиот архипелаг се состои од 234 острови, бројни заливи и карпи.
„Падот на Дарвиновата порта е потсетник за тоа колку е кревок светот во кој живееме. Речисиништо не можеме да сториме за да спречиме природна ерозија и слични геолошки процеси, но можеме да го заштитиме подводниот свет“, вели Џен Џонс од фондацијата за заштита на Галапагос.