Се укинува поместувањето на стрелките на часовникот

Одборот на Европскиот парламент со 23 гласа и 11 против ја донесе резолуцијата со која е одлучено од 2021 година во ЕУ да се укине поместувањето на стрелките на часовникот.

Предлогот за укинување на зимското и летното сметање на времето сега ќе дојде пред Европскиот парламент и парламентите на земјите членки на Унијата.

Потоа ќе треба да се изјаснат сите пратеници на Европскиот парламент, додека од земјите членки се очекува да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското време.

Оние земји кои ќе одлучат да го задржат „стандардното“, односно зимското време, последен пат стрелките би требало да ги поместат во октомври 2021 година.

Оние кои ќе се одлучат за летно сметање на времето, тоа би можеле да го направат во март истата година. Одлуката сега треба да ја потврди Европскиот парламент.

Многу држави членки ја воспоставија промената на времето за време на нафтената криза во 1970 година, како обид да заштедат на енергијата.

Од 1996 година, сите земји во ЕУ, истовремено го менуваат своето време.

 

 

Scroll to Top