Вдовицата Кристал на Хју Хефнер објави дека била „експлоатирана како никогаш“ во вилата на Плејбој. Таа била повеќе од 10 години со Хју, а со него била и дента кога починал.
„Јас бев дел од животот на Хју повеќе од десет години“, започнала манекенката, која се омажи за починатиот основач на Плејбој кога таа имала 26, а тој 86 години. Таа вели дека била со Хефнер до денот кога тој починал во 2017 година. „Бев со него низ диви времиња, мирни времиња и сите времиња од денот кога дојдов и кога почина во септември 2017 година“, вели таа.
„Молчев со години бидејќи бев интровертна по природа, а вилата од една страна беше мое засолниште, а од друга страна таму бев експлоатирана како никогаш “, напишала Кристал. Својот живот со Хефнер го опишала вака: „Тоа беше како да тропнав на вратата од таа куќа за време на Ноќта на вештерките и останав заробена внатре десет години“.
Кристал зборувала кратко откако починатиот основач на култното списание почна да го обвинуваат за недолично однесување. Тој е обвинет од поранешни девојки и вработени во Плејбој.
Кристал, исто така, го потврдила тврдењето на Холи Медисон, која била во врска со Хју од 2001 до 2008 година, дека Хефнер фотографирал и споделувал голи фотографии од жени алкохоличарки. Имено, таа претходно на Твитер напиша дека пронашла и уништила илјадници вакви фотографии.
View this post on Instagram
„Ќе споделам како моќта, алчноста, нарцизмот и желбата на девојките да се чувствуваат сакани, моќни, важни и да имаат чувство на припадност нè однесоа по опасен пат. Повеќе од сè, копнеев по слобода поради она во што се најдов. И откако бев исцрпена десет години од сè таму, конечно ја најдов слободата. Сè уште се обидувам да заздравам од она што го поминав, но подготвена сум да го споделам моето патување“, вели во својата објава Кристал.
Синот на Хефнер, Купер, преку објава на Твитер зборува за обвинувањата против неговиот татко: „Некои можеби не го одобруваат начинот на живот на татко ми, но тој не беше лажго. Колку и да беше необичен, тој беше искрен и чесно живееше“, напишал Купер. „Беше дарежлив и се грижеше за луѓето. Овие зли приказни само покажуваат како се раѓа одмаздата“, додаде тој.