Се враќа Алф на телевизија

Компанијата „Ворнер Брос“ размислува за повторно оживување на култниот ТВ-лик од осумдесеттите години од минатиот век, смешниот и необичен вонземјанин Алф, пренесува B92.

Евентуалната нова верзија на серијата сè уште се наоѓа во рана фаза, а продуцентите се во потрага по сценарист.

Алф е мал, дебел, влакнест и арогантен вонземјанин чиј вселенски брод се сруши на кровот на гаражата на семејството Тенер од неименувано американско предградие. Во текот на целата серија Алф се обидува да ја изеде семејната мачка.

Неговото име е пародија од името на филмскиот вознемјанин E.T. (Extra Terrestrial). Алф е скратеница од Alien Life Form, вонземска форма на живот.

Серијата се емитуваше од 1986 до 1990 година, а големата популарност ѝ даде култен статус. Алф е последен во низата серии чиишто враќања се најавени. Претходно беше најавено враќањето на Твин Пикс, Магнум, Гилморови и други.

Scroll to Top