Се запознаа првите дами на двете Кореи

Историската средба на лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг-Ун и Мун Џае-Ин, која постави темели за целосна денуклеаризација и траен мир на полуостровот, беше можност за првпат да се запознаат и првите дами на двете земји.

Ри Сол-Ју, поранешна пејачка и чирлидерка, го придружуваше својот сопруг Ким кога тој ја премина границата во демилитаризираната зона и тогаш го имаше првиот разговор со првата дама на Јужна Кореја, Ким Џунг-Сок.

„Среќна сум што слушнав од мојот сопруг дека средбата била успешна. Се надевам дека сѐ ќе помине добро помеѓу двајцата лидери“, изјави Ри за јужнокорејската телевизија.

Госпоѓите Ри и Ким, исто така, придонесоа за пријателскиот тон на средбата, па беа снимени во разговор во добро расположение и како одат држејќи се за раце, а подоцна сите заедно беа на вечера.

Scroll to Top