Се затвора претпоследната видеотека во светот

Видеотеката на „Блокбастер видео“ во Мортли, Австралија, ќе се затвори на 31 март. Таа е претпоследната видеотека во светот. Со тоа „Блокбастер видео“ во Орегон ќе остане последна видеотека на светот.

„Блокбастер“ беше најголемиот синџир на видеотеки на светот, а во 2004 година имаше над 9 000 дуќани низ целиот свет, од кои 4.500 во САД. Во синџирот видеотеки работеа преку 84.000 луѓе. Компанијата прогласи банкрот уште во 2010 година, а до 2014 беа затворени сите продавници, со исклучок на оние што функционираа како локални бизниси.

Последната продавницата и натаму работи добро. Тука постојано доаѓаат локални муштерии, но и туристи од целиот свет само за да се фотографираат со видеотеката или да купат сувенири.

„Веќе порачавме маици и сувенири со натписот ‘Последниот Блокбастер на планетата’. Она што сѐ уште нѐ води е тврдоглавоста, едноставно не сакаме да се откажеме“, рекла за американските медиуми генералната менаџерка Сенди Хардинг.

Scroll to Top